Топчиите може и мора да се радуваат по изјавата на Фердинанд: Ви велам, титула ќе освојат!

Рио Фердинанд смета дека некој во Челси е луд, што му дозволил на Рахим Стерлинг така лесно да замине на позајмица во ривалот од Лондон, Арсенал.

Некогашниот репрезентативец на Англија и капитен на Манчестер Јунајтед, смета дека Арсенал направиле одличен, маестрален потег со доведувањето на Стерлинг, во кого гледа искусен крилен фудбалер, со кого Арсенал може да има огромна корист сезонава.

– Не знам, каков циркус е ова, Арсенал направи одлична зделка, одлична. Но среќен сум за Стерлинг, кој едноставно го сакаше овој трансфер (позајмица), среќен сум што си ја исполни желбата, тој го сакаше ова.

– Рахим е еден од најискусните фудбалери во лигата, има освоено неколку првенства со најсилните екипи во Премиерлигата, знае како треба на теренот. Ова е одличен бизнис за Арсенал. Добиваат искусен крилен напаѓач кој знае што треба и како треба кога е на терен. Играше за повеќе големи клубови во Англија и има уште што да понуди. Ја знае рутата на трофеите и тоа е фундаментално. Како тоа Челси му ја отвори вратата за излез, не знам навистина, лудо е. Со овој трансфер Арсенал, би рекол, сезонава ќе ја освојат лигата, порача Рио Фердинанд.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО