Тибо Куртоа се враќа на тренинг на крајот на овој месец

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ќе се врати на редовните тренинзи на крајот на месецот, откако имаше тешка повреда, а потоа на 19 март го скина менискусот.

– На крајот на месецот повторно ќе тренирам со групата“, изјави Куртоа, во интервју за новинарот Фабрицио Романо.

Белгискиот голман го скина менискусот веднаш по опоравувањето од повредата на вкрстените лигаменти заработена на почетокот на оваа сезона. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО