ТФТ славеше победа над шампионат МЗТ Скопје

Екипата на ТФТ е победник на меморијалниот турнир „Андреј Грковски- Тафта“ кој беше во организација токму на клубот од скопската населба Тафталиџе.

Во финалниот натпревар, ТФТ со пресврт во последниот период го совлада шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 74:73.

Кај ТФТ, Дејвис Џуниор броеше до 31.поен (8.скока и 4.асистенции), Гордон имаше 18, а Виктор Ташовски заврши со 16 поени. Прв стрелец во редовите на МЗТ беше МекКејден, кој заврши со 16.поени.

Овој натпревар е добра увертира за она што може да го чекаме во новата сезона која стартува на 4 октомври. Претходно на 28 септември во СЦ „Кале“ ќе се игра Супер купот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО