Екипата ТФТ попладнево го игра дуелот од 3.коло од АБА 2 лигата, а во Скопје гостува словенечката екипа Хелиос. По стартните две победи за екипата на ТФТ предизвик е да се продолжи со максималниот учинок. Сепак ритамот на натпревари предизвикува мали проблеми во тимот.
– Дуелот со Хелиос ќе ни биде четврти во десет дена. Ова темпо на натпревари и заморот кај играчите наметнува пред се да останеме здрави и да избегнеме евентуални повреди. Хелиос е одлична екипа, која неколку сезони игра во АБА 2 лигата, млад состав, затоа мора да имаме сериозен пристап, контрола на скокот и дефанзивна транзиција, тоа се елементи за потенцијална победа и да продолжиме со серијата добри резултати, изјави тренерот на ТФТ Боро Смилковски.
Натпреварот ТФТ – Хелиос се игра во СРЦ „Кале“ со почеток во 18 часот.
Фото: МИА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: