Тежок инцидент на ЕП: Тројца навивачи избодени со нож во Штутгарт!

Во навивачката зона во Штутгарт за време на Европското првенство (ЕП), и натпреварот Турција – Грузија, се случи инцидент кога едно лице со нож нападна и повреди три лица.

Како што пренесува Билд, полицијата уапсила Сириец (25) кој со нож нападнал и повредил тројца мажи на Шлосплац, во Штутгарт. Меѓу повредените има Германец (19) и двајца Турци (на 38 и 60 години). Помладиот, 38-годишникот, кој потешко бил повреден, повеќе не е во животна опасност.

Во текот на ноќта, инспекторите собрале обемни докази на местото на настанот, вклучително и видео снимки. Против осомничениот, 25-годишникот со сириско државјанство, распишана е потерница.

– Се слушна звук кој звучеше како истрел. Сите се стрчаа кон излезот. Некои се судираа, но за среќа никој не падна и не беше повреден, можеше да биде посериозно, изјави еден сведок за Билд.

Сè уште не е јасно како ножот бил внесен во таа зона, со оглед на тоа што на влезот се претресуваат сите посетители. „Во принцип, ќе продолжиме да се придржуваме до нашиот безбедносен концепт кој е усогласен со сите надлежни органи“, изјави Андреас Крол од организацијата во Штутгарт.

Навивачката зона во Штутгарт повторно ќе биде отворена и покрај нападот со нож. Градоначалникот Френк Нопер најави дека во соработка со полицијата ќе ги разгледа безбедносните мерки до првиот осминафинален натпревар в сабота.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО