Тенисер од ТОП 10 го откажа настапот во Мелбурн

Организаторите на првиот Грен слем турнир во годината Австралија опен објавија дека еден од ТОП 10 играчите на светот Џек Драјпер нема да настапи. Британецот одигра само еден меч по Вимблдон и повредата на левата рака што го принуди да ја скрати сезоната во 2025 година.

Рехабилитацијата ќе трае подолго време од предвиденото и тој во порака на мрежата Х објави дека сè уште не е доволно подготвен.

– Заедно со тимот донесовме одлука оваа година да не настапам во Австралија. Одлуката беше тешка, но природата на повредата бара подолг третман. Ова е една од најтешките повреди. Се радувам на враќањето на терените во 2026 година, изјави Драјпер.

Во 2023 година најдобриот британски тенисер имаше пауза од шест месеци поради повреда на рамо, со неколку операции.

Оваа година ја освои првата титула на Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс, а неговиот најдобар ранг му беше четвртото место во јуни годинава.

Со откажувањето на настапот на турнирот во Мелбурн, Драјпер најверојатно ќе се подготвува за одбрана на титулата во Индијан Велс.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО