Тен Хaг се премислил за Каземиро

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг се премислил за играчот од средниот ред Каземиро. Според „Сан“, односите меѓу двајцата минатата сезона се влошиле, бидејќи Холанѓанецот го обвинил играчот дека не е во фит форма.

Бразилецот, кој изгледаше прилично тежок, а имаше и чести повреди, доби многу критики за неговите настапи на крајот од сезоната. Тен Хаг бил убеден дека е подобро да се раздели со поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид.

Во текот на оваа претсезона, сепак, менаџерот бил многу задоволен од перформансите на Каземиро и одлучил тој да остане во тимот.

Бразилецот доби примамлива понуда од Саудиска Арабија, но се тврди дека во моментов не сака да ја напушти Европа бидејќи е уверен дека сепак може да игра на највисоко ниво. Негова желба е и да остане на „Олд Трафорд“.

Каземиро (32) се претстави добро во натпреварот во „Комјунити шилд“ со Манчестер сити, како и во првиот меч од Премиер лигата, со Фулам.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО