Тен Хаг повторно не ја кажа вистината за Санчо: Англичанецот направи трансфер во Лондон

Не поминаа 24 часа откако Ерик Тен Хаг истакна дека „како што тој знаел, Санчо останува во Манчестер“, па сето тоа да биде демантирано.

Вечерва одекна веста за трансферот на Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед во Челси, иако се очекуваше дека и сезонава англискиот фудбалер ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“.

Договорот меѓу Јунајтед и Челси е потпишан, прво позајмица, а потоа обврзувачко право Челси да го исплати бараниот износ на Манчестер Јунајтед за фудбалерот.

Санчо без размислување прифатил понуда од „сините“ и оваа сезона ќе биде нивни член, па веројатно ќе се обиде да ја врати формата која ја достигна во Борусија Дортмунд претходните сезони.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО