Вице-премиерот на Словачка, Томаш Тараба, изјави дека нема да учествува на церемонијата на затворање на Олимписките игри (ОИ) во Париз поради скандалот околу отворањето.
„Требаше да ја претставувам Словачка на затворањето, но овие Игри во нормалниот свет засекогаш ќе останат запаметени како одвратен симбол на девијантната декаденција која ја злоупотреби убавината на спортот и го претвори во прогресивен политички театар. Затоа решив да не присуствувам на затворањето“, напиша Тараба на социјалните мрежи.