Шерика Џексон, двократната светска шампионка на 200 метри, одлучи да не трча на 100 метри во Париз.
Јамајканката се квалификуваше и во оваа дисциплина, но во последен момент реши да не се појави на најкратката делница.
-Шерика се откажа од местото на трката на 100 метри. Тоа е се што сакаме да кажеме, изјави менаџерот на репрезентацијата на Јамајка, Лудлоу Вотс.
Џексон ќе ја замени Шешели Форбс.