Суперкомпјутерот не му дава големи шанси на Ѓоковиќ за триумф на Вимблдон?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се опорави по повредата на коленото и ќе игра на Вимблдон каде што доби релатнвно лесна ждрепка. Вистинските искушенија би требало да следуваат по првите три кола, но во меѓувреме Суперкомпјутерот пресмета какви се неговите шанси за победа на турнирот.

Ѓоковиќ пристигна во Лондон по Ролан Гарос  каде што го повреди коленото и мораше да го оперира во Париз. Прашање беше дали ќе се опорави на време и се чини дека тоа го направи.

Новак на тренинзите покажува дека може да им парира на сите, но тоа не беше доволно Суперкомпјутерот да го сметаа за најголем фаворит, иако е на втората позиција во светот.

Пред него е Јаник Синер како број 1, а зад него е Карлос Алкараз, Според Суперкомпјутерот, Италијанецот и Шпанецот имаат поголеми шанси од Новак за триумф на третиот годинашен грен слем турнир.

Моментално прв фаворит е Синер со 17 отсто шанси, веднаш потоа Алкараз со 12 и Новак Ѓоковиќ со девет отсто. Четвртата позиција ја делат Данил Медведев и Андреј Рубљов со по четири отсто итн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО