Супербоул 2024: Рекордна побарувачка за билети, цените во постојан пораст

Цените на билетите за Супербоулот во Лас Вегас меѓу Сан Франциско и Канзас сити на 11 февруари би можеле да достигнат рекордни 12.700 долари во просек доколку не стивне побарувачката за нив.

Откако НФЛ му го додели првиот Супербоул на Лас Вегас во декември 2021 година, предвидувањата беа дека побарувачката за билети ќе биде огромна.

Според продажната мрежа „СтрубХаб, побарувачката за билети е за 150 насто поголема во однос на натпреварот во 2019-та, односно за 90 проценти повисока од минатогодишниот Супербоул, во првите 24 часа од продажбата.

Извршниот директор на „ТикетсИК“, Џеси Лоренс, чија е платформата за посредување и за следење на цените на пазарот, ја зацврсти раната просечна цена на билетите на неверојатни 10.752 долари!

Во првите 24 часа од продажбата, тоа е највисоката просечна цена на билети во историјата, не сметајќи го „ковид“ Супербоулот во февруари 2021 година, кога просечната цена на билетите беше 15.253 долари.

Според податоците на Лоренс, најевтиниот билет чини 8.529, а најскапиот, за апартман лоциран на линијата најблиску до теренот, 60.130 долари! На овие цени треба да им се додадат и брокерските такси.

– Цените на билетите за домашните натпревари во Лас Вегас рајдерс сезонава чинеа во просек по 1.035 долари. Тоа е за 149 насто повеќе од просечната цена на билетите за остатокот од лигата. Ако продолжи да расте побарувачката, годинашниот Супербоул би завршил со просечна цена на билетите од над 12.700 долари, вели Лоренс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО