Стив Мекларен ќе биде новиот селектор на Јамајка

Поранешниот селектор на Англија, Стив Мекларен, именуван е за селектор на машката репрезентација на Јамајка. Мекларен (63) кој беше дел од Стручниот штаб на Манчестер јунајтед, потпиша двегодишен договор.

Фудбалската федерација на Јамајка соопшти дека целта е Мекларен со Јамајка да се пласира во завршницата на Светското првенство (СП) 2026 година. Досега Јамајка само еднаш настапи на СП, во Франција 1998 година

Мекларен му беше помошник на Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед пред да замине во 2001 година и да го преземе Мидлсбро, освојувајќи го Лига купот во 2004 година, а две години подоцна стигна и до финалето на Купот на УЕФА (порз од Севилја, 0:4).

Тој беше назначен за селектор на Англија и го наследи Свен Ериксон во 2006 година.  Но беше отпуштен откако „Трите лава“ не успеаја да се квалификуваат за ЕП 2008 година. Мекларен се врати во Јунајтед во мај 2022 година, како помошник на Ерик тен Хаг.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО