Сташ Скубе потешко се повреди, го чека долга пауза

Словенечкиот ракометар, Сташ Скубе потешкo се повреди поради што го очекува подолга пауза од терените.

На тренингот на Монпелје, словенечкиот среден бек ги скина предните вкрстени лигаменти, повреда која ќе го одалечи од терените најмалку шест месеци.

Скубе беше дел од Вардар од 2018 до 2020 година. Словенецот беше еден од хероите во освојувањето на втората шампионска титула и еден од носителите на играта на македонскиот тим во тоа време.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО