Стартува новата сезона во Лига Европа – Системот е ист како во Лигата на шампионите

Љубителите на фудбалот минатата недела можеа да го видат новиот формат на Лигата на шампионите, а сега на ред е Лига Европа, која од оваа сезона ќе се игра според истиот систем.

Првата фаза нема да се игра во групу, туку сите 36 екипи ќе имаат единствена табела, а пласман во осминафиналето ќе обезбедат осумте првопласирани, додека клубовите од 9. до 24. место ќе играат бараж преку кој уште осум екипи ќе ќе изборат место во осминафиналето.

Според имињата и традицијата, најголеми фаворити за освојување на титулата се Манчестер јунајтед, Тотенхем, Рома, Лацио, Галатасарај, Фенербахче, Порто и можеби Атлетик Билбао. Баските ќе дадат се од себе да дојдат до финалето, бидејќи мечот за титулата ќе се игра на нивниот стадион „Сан Мамес“.

Честа да го отворат овогодинешното издание на Лига Европа ќе им припадне на екипите на АЗ Алкмар и Елфсборг, односно Бодо/Глимт и Порто, чии натпревари почнуваат во 18 часот и 45 минути.

Лига Европа 1.коло

Среда, 25.септември:

АЗ Алмар – Елфсборг 18.45
Бодо/Глимт – Порто 18.45
Андерлехт – Ференцварош 21.00 часот
Динамо Киев – Лацио 21.00 часот
Митјиланд – Хофенхајм 21.00 часот
Галатасарај – ПАОК 21.00 часот
Лудогорец – Славија 21.00 часот
Манчестер јунајтед – Твенте 21.00 часот
Ница – Реал Сосиедад 21.00 часот

Четврток, 26.септември:

Фенербахче – Унинон Сен Жилоа 18.45
Малме – Ренџерс 18.45
Ајакс – Бешикташ 21.00 часот
Ајнтрахт – Пилсен 21.00 часот
ФЦСБ – РФС 21.00 часот
Лион – Олимпијакос 21.00 часот
Рома – Атлетик Билбао 21.00 часот
Брага – Макаби ТА 21.00 часот
Тотенхем – Карабаг 21.00 часот

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО