Српските ватерполисти го освоија олимпиското злато во Париз со победата над Хрватска од 13:11. За тој голем подвиг спортистите ќе бидат доживотно материјално обезбедени бидејќи српската држава секој освојувач на олимписко злато го наградува со 200.000 евра.
Покрај еднократната премија, тој триумф на српските ватерполисти им обезбеди и право на доживотна национална пензија која е трипати поголема од просечната плата во Србија во декември 2023 година. Тоа се околу 250.000 динари или 2.100 евра.