Наскоро во Париз, од 28 август до 8 септември, ќе почнат Параолимписките игри (ПОИ) на кои ќе учествуваат повеќе од 4.400 спортист(к)и од целиот свет што ќе се натпреваруваат во 549 натпревари за медали во 22 спорта.
Македонија ќе има само еден претставник, стрелачката Оливера Наковска Бикова, „златната“ од ПОИ 2012 во Лондон.
Соседната Србија ќе има дури 23 претставници во осум спорта, а пред патувањето во Франција беше обелоденето дека параолимпијците, освојувачи на медали, ќе добијат идентични парични награди како и оние на Олимписките игри (ОИ).
Тоа значи дека секој(а) што ќе освои златен медал во Париз ќе добие парична награда од 200.000 евра, за среброто 100.000, а за бронзата 60.000 евра.