Српскиот џудист „полуде“ по елиминацијата од ОИ: „Семето да ви се сотре, ѓубриња, гомна сотонски“!

Вчерашните џудо натпревари Олимписките игри (ОИ) во Париз ја одбележа еден несекојдневен инцидент. Србинот Немања Мајдов, еден од најголемите фаворити за висок пласман во категоријата до 90 килограми, во осминафиналето беше елиминиран, а потоа големото незадоволство го искажа во салата и на социјалните мрежи.

Мајдов се бореше со Гркот, Теодорос Целидис, а поразот го претрпе поради трите опомени од романската судијка, Јоана Бабиуц, за неактивност.

Србинот тоа тешко го прифати. По мечот протестираше, нервозно чекореше по татамито, а не му се поклони ниту на противникот, што е крајно неспортски чин, особено ако се има предвид дека Гркот се обидуваше да го утеши.

По борбата Мајдов својот бес го сподели на социјалните мрежи. „Сатански ѓубриња, да ви се сотре судиското семе. Да ме дисквалификувате по две минути и да не ми дадете шанса нешто да покажам…

Дали ви се тоа вредностите на тој спорт и на Олимписките игри, ѓубриња? Тоа ќе ви се врати, секоја солза, гомна сатански“, напиша на својот Инстаграм профил, освојувачот на светско (2017) и европско (2023-та) злато.

Но не застана сано на тоа: „Само така можете да ме спречите, клошари. Џудото е уништен и помочан спорт. Стопроцентна судиска контрола на исходот на борбата.

Минува оној што сака да се наведне и да им се поклони. Од мене тоа никогаш нема да го дочекате, не ми треба таков медал, ѓубриња несреќни. Четири години не’ малтретираат, 15 квалификации, молчиш да не те оштетат на Олимписките игри. Потоа доаѓаш, и повторно класика, пратете го дома уште пред да се загрее“.

Во последниот дел од својата објава, разочараниот 27-годишник порачува:

– Вие новинари, јас не изгубив, никој не ме победи, тоа е малку потешко да се направи. Ме дисквалификуваа за три казни што ги измислија. Не ми е судено, не даваат.

Моментално во овој спорт не победуваат најдобрите, треба сатанистите да ти дозволат да победиш. Да им се помочам на се’. За натаму не знам. Додека се во сила новите правила, немам и не сакам да трошам време и толку многу жртви за овој спорт, бидејќи нема смисол.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО