Српскиот ракометен стратег Александар Радосављевиќ е нов тренер на македонскиот суперлигаш МРК Куманово.
Договорот меѓу двете страни, како што е објавено вечерва, е со важност од две години.
Радосављевиќ зад себе има богато ракометно искуство, а последниот негов ангажман беше на клупата на РК Леотар.
Искусниот српски ракометен стратег во минатото беше и селектор на женската јуниорска репрезентација на поранешна Србија и Црна Гора, машката кадетска репрезентација на Србија како и машкиот сениорски тим на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
ФОТО: Фејсбук
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: