Српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ (46), член на стручниот штаб на НБА тимот Голден Стејт вориорс, доживеал срцев удар и бил опериран во болница во САД, јавуваат американските медиуми.
На Милојевиќ поранешен играч на Партизан и на ФМП и поранешен тренер на Мега и Будуќност му се слошило во ресторан во Солт Лејк Сити, пред средбата на неговиот против Јута џез.
Милојевиќ работеше во Мега од 2012 до 2020 година како тренер, и во еден период го тренираше и Никола Јокиќ. Потоа на кратко го презеде Будуќност од Подгорица, а во 2021 година замина за Америка каде што се вработи во Голден Стејт .