Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките игри (ОИ) во Париз. Во мечот за третото место Србите ги совладаа Германците со 93:83. Србите го контролираа целиот натпревар и Германците никогаш не се доближија.
Тие беа предводени од МВП-то на НБА лигата, Никола Јокиќ, кој забележа трипл-дабл ефект (19 поени, 12 скока и 11 асистенции), четвртиот играч во историјата на ОИ.
Србија и возврати на Германија за поразот во финалето на Светското првенство (СП) лани во Манила, кога Германците го освоија златото. Тогаш Јокиќ не играше за Србија, но овојпат Србите предводени од најдобриот кошаркар на денешницата постигнаа нов успех.
Ова е 13. медал од големите натпреварувања за српската репрезентација, со што се потврдија статусот на кошаркарска велесила.
По распадот на Југославија, Србија освои три европски злата, две сребра и една бронза, и по две светски злата и сребро. На олимписките турнири пред Париз освоија две сребра, во Рио и Атланта.
Како дел од репрезентацијата на СФРЈ, српските кошаркариосвоија пет европски, три светски и едно олимписко злато.