Србија и Албанија добиваат организација на ЕП 2027?

Србија и Албанија со заеднички сили ќе организираат Европско првенство за млади репрезентации во 2027 година.

Рокот за кандидатури официјално истече вчера за организирање на Европско за млади, а верувале или не, Србија и Албанија биле единствени кои поднеле кандидатури, па се наметнува логично решение дека тие ќе бидат домаќините.

УЕФА соопшти дека само Србија и Албанија го испочитувале рокот за пријава на кандидатурите и сега се очекува само официјална потврда од оваа организација за нивно домаќинство.

Федерациите на двете земји веќе оддржале состаноци на кои било разгледувано евентуалното добивање на организацијата и како тоа би се одвивало и на кои стадиони.

– Имавме и негативни реакции од страна на навивачите и некои други групи, но блиску сме да ја добиеме организацијата, порача Арманд Дука, потпретседателот на УЕФА.

Александар Чеферин ќе биде веројатно клучниот човек за доделување на организацијата на двете земји.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО