Илјадници навивачи се собраа на централниот градски плоштад во Тбилиси за да гo пречекаат грузискиот фудбалски тим на враќањето од Европското првенство (ЕП) во Германија каде што беа елимнирани во осминафиналето од Шпанија, 1:4.
Во првото појавување на едно големо натпреварување, Грузија беше едно од најпријатните изненадувања. Турнирот го отворија со пораз од Турција (1:3), потоа ремизираа со Чешка (1:1), а ја победија Португалија (2:0) и се пласираа во осминафиналето.
Во групната фаза грузискиот тим го освои третото место, со четири бода, зад Португалија (шест бода) и Турција (шест бода) и пред Чешка (еден бод).
Грузиската претседателка, Саломе Зурабишвили, која присуствуваше на четирите натпревари на ЕП во Германија, на секој играч му додели Орден на честа, едно од највисоките цивилни почести во Грузија.„Ова е чудесно. Ова е Грузија каква што ја сакам“, рече претседателката.
Церемонијата на доделување на ордените се одржа на бината поставена на Плоштадот Слобода во Тбилиси. На пат кон Плоштадот, репрезентативците се возеле во отворен автобус, поздравувајќи ги илјадниците навивачи.