Солберг ја напушти шведската ракометна репрезентација

Глен Солберг реши да се повлече од селекторската позиција во шведската ракометна репрезентација и федерацијата ќе треба да најде ново име како замена за одговорното место во машкиот национален тим.

Последен важен турнир на кој Швеѓаните беа водени од Солберг беа Олимписките игри во Париз, а тој вели дека му е потребен одмор по интензивниот период исполнет со многу настани и натпревари.

– Селекторската функција подразбира голема одговорност и ангажман. Бев на оваа позиција околу пет години во кои игравме на шест турнири, а притоа многу време морав да бидам оддалечен од својот дом поради честите патувања и средби со репрезентативците. Беше возбудливо, но сега е време да направам пауза и да размислам што сакам да правам во иднина, – вели Солберг во својата официјална изјава.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО