Словенија ја изненади Норвешка и за место во финалето ќе игра со Данска

Ракометната репрезентација на Словенија изненадувачки ја победи Норвешка со 33:28 и се пласира во полуфиналето на Олимписките игри (ОИ). Ова е прво олимписко полуфинале на Словенија во историјата. Досега најдалеку стигнаа до четвртфиналето во Рио де Жанеиро 2016 година .

Кај Словенците најефикасен беше Алекс Влах со 11, а одличен беше и Блаж Јанц со девет гола, додека Клемен Ферлин имаше девет одбрани. Кај Норвежаните најефикасен беше Кристоферсен Александре Блонц со седум гола.

Словенија во полуфиналето ќе игра против првиот фаворит на турнирот, Данска, во петок од 21.30 часот. Германија и Шпанија во првото полуфинале, ќе играат порано, од 16.30 часот.

Веќе е јасно дека ќе добиеме нов олимписки победник, откако Французите кои се рекордери со три злата и вкупно пет медали од ОИ, во драматичен меч загубија од Германија.

Од преостанатите тимови, полуфиналисти, Данска го освои златото во Рио во 2016 година, Германците беа први во Москва 1980 година (тогаш како Источна Германија!).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО