Слот за Салах: Го чека големо натпреварување

Тензиите меѓу менаџерот на Ливерпул Арне Слот и најдобриот играч на клубот од ланската сезона Мохамед Салах се во состојба на мирување. Причината е едноставна Салах како дел од репрезентацијата на Египет го очекува настап на АФКОН (Африкански куп на нации).

Слот на прес конференцијата во пресрет на утрешниот дуел со Тотенхем се осврна и на оваа ситуација:

Минатата недела изјавив дека делата зборуваат повеќе од зборовите. Продолжуваме понатаму. Салах на последниот дуел беше во тимот и беше прва измена. Сега го чека настап на АФКОН и големи натпревари, навистина е фер целиот фокус за него да биде на тој настан, изјави Слот.

По нерешениот дуел со Лидс на гости пред неколку кола Салах во изјава за медиумите го нападна менаџерот за неговиот статус и тоа што беше често на клупата искажа незадоволство што донесе „бура“ во редовите на шампионот. Деновиве сè почесто може да се прочита дека клубови од Саудиска Арабија се подготвени да го видат Салах во своите редови.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО