Чешката фудбалска федерација е во потрага по нов селектор, а по неуспешните обиди со две големи тренерски имиња, Славен Билиќ излегува како најреално решение. Павел Недвед, кој има важна улога во процесот на избор, веќе стапил во контакт со хрватскиот стратег.
Според информациите од чешките и регионалните медиуми, Фатих Терим бил првата желба, но неговите финансиски барања биле далеку над буџетските можности на федерацијата. Јирген Клинсман, пак, ја одбил понудата уште на почетокот, со образложение дека не е заинтересиран да ја преземе репрезентацијата.
Со тоа, во преден план излезе Славен Билиќ, тренер со богато искуство, кој во минатото успешно ја водеше хрватската репрезентација и има значајни настапи во клубскиот фудбал низ Европа. Чешката федерација го гледа како човек кој може брзо да внесе дисциплина, структура и јасна визија во националниот тим.
Чешка наскоро ја очекуваат клучни натпревари во квалификациите и репасажот за пласман на Светското првенство 2026, па изборот на селектор е итен и пресуден. Според последните информации, Билиќ е подготвен да ги разгледа условите и многу е веројатно дека токму тој ќе седне на селекторската клупа.
Официјалната одлука се очекува во следните денови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: