Скоро завршена работа – едно од позвучните имиња чекор поблиску до Партизан

Кошаркарот на Басконија, Чима Монеке, е на мета на Партизан, доста беа пресврти во неговата ситуација околу ангажирањето.

Според информациите на медиумите во соседството, дефинитивно паднал договор меѓу Басконија и Партизан, па овој клуб прифатил 900 000 евра од белградскиот клуб, така да, во овој момент трансферот е чекор поблиску.

Монеке во редовите на црно-белите би донел доста новитети под кошот, а станува збор за доста квалитетен играч, силен и харизматичен, нешто што дефинитивно му недостасува во моментот на Партизан пред новата сезона.

Од Партизан најавија пред неколку дена дека до подготовките за новата сезона, нема да ги објават новите имиња, а истакнаа дека во овој момент, Партизан има 11 нови имиња во своите редови, што е секако најава за возбудлив период во таборот на „црно-белите“.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО