Скариоло ги одбра 12-те кошаркари за олимписките квалификации

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Серхио Скариоло објави на кои 12 кошаркари ќе смета за време на претстојните квалификациите за настап на Олимписки игри во Париз. „Фуријата“ ќе биде домаќин на турнирот во Валенсија, на кој учествуваат и Либан, Ангола, Финска, Полска и Бахамите.

Во списокот на Шпанија се следните играчи: Руди Фернандез (Реал Мадрид), Серхио Љуљ (Реал Мадрид), Вили Ернангомез (Барселона), Хуанчо Ернангомез (Панатинаикос), Дарио Бризуела (Барселона), Чаби Лопез-Арестеги (Валенсија), Алберто Дијаз (Уникаха), Усман Гаруба ( Голден Стејт Вориорс), Хамес Прадиља (Валенсија), Хуан Нуњез (Сан Антонио Спарс), Лоренцо Браун (Панатинаикос) и Санти Алдама (Мемфис Гризлис).

Летонија, Грузија, Филипини, Црна Гора, Бразил и Камерун ќе се натпреваруваат за олимписка виза во Летонија. Во Порторико – Порторико, Италија, Литванија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска, Бахреин. Во Грција – Грција, Словенија, Хрватска, Нов Зеланд, Египет, Доминиканска Република.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО