Не стивнуваат реагирањата околу релацијата Партизан – Џејмс Нанели. Кошаркарот кој остави голема трага во дресот на Партизан на грд начин се раздели со „црно-белите“.
По инцидентот во кој го удри кошаркарот на Црвена ѕвезда, Стефан Лазаревиќ, тој беше отстранет од тимот со одлука на тренерот, Жељко Обрадовиќ и неговиот статус во Партизан беше доведен во прашање подолго време.
Претседателот на клубот, Остоја Мијаиловиќ вчера изјави дека Нанели е казнет поради тепачката со играч на Ѕвезда и за кршење на дисциплинските прописи.
Подоцна се покажа дека ова не е единствениот инцидент што Американецот го направил за време на престојот во Партизан.
Минатата сезона Нанели му удрил шлаканица на Јанулис Ларенцакис, играчот на Олимпијакос, во тунелот на полувремето од мечот со во Белград, открива Моцарт спорт.
И тоа не е се… По петтиот натпревар од четвртфиналето во плејофот и поразот од Реал во Мадрид, темпераментниот кошаркар наводно им се заканувал на некои новинари, велејќи дека ќе им ги скрши телефоните!
Тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ во интервјуто за клупската телевизија зборуваше за правилата на однесување кои мора да се почитуваат.
„Вратите на овој клуб се отворени за секој што мисли дека може да биде дел од Партизан, но мора да знае како да се однесува.
Партизан е бренд, произведе плејада фантастични играчи и тренери. Ова име мора да се заштити, јас повеќе не сум Жељко Обрадовиќ, јас сум тренер на Партизан и морам да постапувам соодветно на тоа.
Никој веќе нема приватно име и право на приватност. Каде и да е и што и да прави, пред него ќе стои „играчот на Партизан“. Во оваа смисла, тие мора да се однесуваат како што доликува на овој грб. Мора да го почитуваме грбот и да не правиме никакви проблеми“, истакна Обрадовиќ.