Скалони: Меси е добро, ќе игра во полуфиналето на Копа Америка

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси ќе биде подготвен за првото полуфинале ноќеска (2 часот по полноќ) на Копа Америка, против Канада во Њу Џерси, изјави селекторот на репрезентацијата, Лионел Скалони.

– Лео е добро, ние сме мирни околу то. Неговото ниво на физичка состојба е добро, тој е клучен играч за нас, изјави Скалони на прес-конференцијата.

Овие две селекции се сретнаа на воведниот натпревар во групната фаза на турнирот, а победи актуелниот светски првак и шампион на Јужна Америка, Аргентина со 2:0.

Меси, 37-годишната ѕвезда на Интер Мајами, се врати на теренот во четвртфиналето против Еквадор, откако го пропушти последниот натпревар од групната фаза поради повреда. Тој го одигра целиот натпревар, но изгледаше како да не е подготвен најдобро.

Победникот од полуфиналето во Њу Џерси ќе ги одмери силите со подобриот од второто полуфинале, Уругвај или Колумбија, кои играат во четврток рано наутро во Шарлот. Финалето е в недела, 14 јули на стадионот „Хард рок“ во Мајами.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО