Сите од Реал се фаќаа за глава на тренингот: Го загубија ли колегата за мечот од УЕФА Суперкупот?

На последниот тренинг на Реал Мадрид, пред мечот со Аталанта во европскиот Суперкуп, Карло Анчелоти остана без Едуардо Камавинга.

Имено, додека траеше тренингот, Камавинга падна на теренот по еден судир со колегата, а неговиот крик беше повеќе од очигледно, што веројатно симболизира одредена повреда.

Анчелоти веднаш го прекина тренингот, а францускиот репрезентативец го напушти теренот со видни болни гримаси на лицето.

Навивачите на Реал со право се загрижени, бидејки нивниот клуб вечерва ќе има можност да игра за првиот трофеј сезонава. Се уште нема излезни информации дали е повредата сериозна, но гледајки ги реакциите на колегите на Камавинга, повредата можеби и не е така наивна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО