Сите го сакаа Квича, но тој не можеше да го одбие понуденото од Наполи

За Квича Кварацхелија постоеа мноштво на понуди изминатиот период, но како што стојат работите, тој ќе остане под Везув и оваа сезона.

Скоро е договорен ново продолжување на соработката со шампионите во Серија А, а со новиот договор ќе му следува и покачување на платата.

Досега тој имаше скромни примања, едвај 1,5 милиони евра по сезона, а сега ќе заработува повеќе од тројно, или 5,5 милиони по сезона.

Неговиот нов договор ќе важи до јуни 2029 година, а Квича со две раце ги прифатил овие услови.

Неговиот агент се обидувал со сите сили да вметне посебна клаузула во договорот со која ќе му биде гарантирано дека може да го напушти Наполи кога ќе посака, но по се изгледа, не успеал во таа намера.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО