Силекс го победи Вардар и стана есенски шампион во ПМФЛ

Силекс со 1-0 го победи Вардар и како прв го заврши есенскиот дел од сезоната, Шкендија одигра 0-0 во дербито против Гостивар, а Работнички со убедливи 3-0 беше подобар од Пелистер.

Дури три екипи се на врвот на табелата во ПМФЛ со ист број на бодови, Силекс за само еден гол повеќе има најдобра гол разлика. Покрај кратовци, со 37 бодови на контото завршија и Шкендија и Работнички.

Пред почетокот на натпреварите Шкендија беше во пол позиција за првото место, но тие одиграа само 0-0 против Гостивар и загубија два бода.

Тоа го искористи Силекс кој со гол од далечина на Ефтимов дојде до победа против Вардар. Голем кикс направи Филип Гачевски.

Во текот на првото полувреме Силекс остана со играч помалку откако Донов заработи црвен картон, но рано во вториот дел исклучување доби и Ѓуриќ па силите беа израмнети некое време. Следуваше ново исклучување за домаќините, овојпат поради два жолти, Вардар во последните неколку минути пристискаше со фудбалер повеќе, но не успеа да го избегне поразот.

Работнички со два гола на Мазари и еден на Регба со убедливи 3-0 го победи тимот на Пелистер. Овој меч беше последен во кариерата за судијата Александар Ставрев.

Шкупи со автогол на Силјановски дојде до гостинска победа кај Беса.

Струга со 2-1 ја совлада Воска во езерското дерби. Головите за домаќините ги постигна Малески, Осеи погоди за охридскиот тим.

Тиквеш со голови на Манасиески и Стојкоски дојде до триумф од 2-0 над Брера, важни бодови за кавадаречкиот тим.

Резултати:
Силекс – Вардар 1-0
Работнички – Пелистер 3-0
Шкендија – Гостивар 0-0
Беса – Шкупи 0-1
Струга – Воска 2-1
Тиквеш – Брера 2-0

Табела: Силекс 37, Шкендија 37, Работнички 37, Гостивар 35, Струга 32, Шкупи 22, Пелистер 19, Брера 19, Тиквеш 14, Беса 13, Вардар 13, Воска 12.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО