Натпреварот за третото место на Европското првенство во ракомет има и една специфика, на клупата на Хрватска седи Исланѓанецот Дагур Сигурдсон. Но, ова нема да биде прв негов натпревар против неговата држава.
– Имам веќе неколку натпревари и додека бев селектор на Австрија, Германија, Јапонија, па и сега на Хрватска (ќе биде трет натпревар). Како да е судено да играм на секое првенство. Дуелот за бронзениот медал ќе биде сосема поинаков од тој во Малме кога победивме, а ги победивме и лани. Секогаш има нови ситуации на нови натпревари. Мора да се фокусираме на целиот тим, иако Гисли Кристјансон и Омар Инги Магнусон, се најдобрите. Се надевам на добра наша одбрана и на нашиот голмански тим во недела, изјави Сигурдсон.
На дуелот од главната фаза во групата во Малме, Хрватска победи со 30:29.
Фото: Фејсбук
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: