Хасан победи во женскиот маратон, за трет медал во Париз

Атлетичарката од Холандија, Сифан Хасан (31) го освои третото олимписко злато во кариерата со победата на маратонската трка на Олимписките игри (ОИ). Таа направи уникатен подвиг во Париз, освојувајќи три медали, од кои и две бронзи на 5.000 и на 10.000 метри.

Победничката на парискиот олимписки маратон беше одлучена во возбудлива завршница, во која Сифан Хасан мораше да се „бори“ со Етиопјанката, Тигст Асеф, која се обиде да и го затвори патот во претпоследниот свиок пред целта.

Сепак, 31-годишната холандска атлетичарка беше пребрза за својата ривалка и ја мина целта за 2:22,55 часа трчање низ улиците на Париз, поставувајќи нов олимписки рекорд.

Тоа е трето олимписко злато за Хасан, кој пред три години во Токио беше олимписка шампионка на 5.000 и 10.000 метри, а освои и бронза на 1.500 метри.

Етиопјанката Асефа ја мина целта три секунди по победничката и го освои сребрениот медал, за неа прв на ОИ, додека 34-годишната Кенијка, Хелен Обири стигна до бронзениот медал со нов личен рекорд (2:23,10 часа).

Ова е трет олимписки медал за Обири, откако ги освои првите два на 5.000 метри. Беше втора во 2016 во Рио де Жанеиро, а тоа го повтори и во Токио 2021-та.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО