Шведскиот олимпиец се откажа од пливањето во загадената Сена

Швеѓанецот, Виктор Јохансон (25) се повлече од олимписката трка во пливање на отворено, на 10 километри закажана за петок поради загриженост за квалитетот на водата на реката Сена, објави шведскиот весник „Дагенс Нихетер“.

– Има многу информации кои лебдат наоколу, но она што со сигурност го знаеме е дека луѓето се разболеле, ги цитира весникот неговите зборови.

„Триатлонците беа во Сена околу 20 минути, а и покрај краткото време на некои од нив им се слоши. Мораме да бидеме во вода два часа“, рече Јохансон.

Докторката на шведскиот олимписки комитет, Лике Там рече дека Јохансон разговарал со лекарскиот тим, кој ја поддржал неговата одлука да не плива.

– Целосно ја поддржуваме одлуката на Виктор да не учествува. По внимателно разгледување на сите фактори, мојата препорака е тој да не плива во Сена. Здравјето секогаш е најважно, изјави Там.

Француските власти потрошија 1,4 милијарди евра за надградба на градската канализација, ветувајќи дека реката ќе биде чиста за жителите да пливаат во неа.

Сепак, проблемите со квалитетот на водата беа главоболка за време на триатлонот, со откажани тренинзи, а машката трка беше одложена 24 часа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО