Швајцарката Клара Леонe освои злато и постави олимписки рекорд во дисциплината стрелаштво со воздушна пушка во три различни позиции од дистанца од 50 метри на Олимписките игри во Париз.
Двократната светска шампионка од Баку 2023 година, имаше 64,4 поени во финалето.
Со тоа оваа 26-годишната олимпијка го подобри претходниот рекорд од Токио, кој го имаше нејзината сонародничка, Нина Кристенсен.
Второто место во оваа дисциплина и припадна на Американката, Серџан Мадалина додека со бронза се закити Жунју Жанг од Кина.