Штутгарт го потврди трансферот на Демировиќ

Фудбалерот од Босна и Херцеговина Ермедин Демировиќ потпиша за Штутгарт, соопштија од клубот.

Како што е објавено на сајтот на вицешампионот на Германија, 26-годишниот напаѓач потпишал четиригодишен договор.

Аугсбург заработи 21 милион евра како обештетување за довчерашниот капитен. Ова е нов клупски трансфер рекорд за Штутгарт, кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Во претходните две сезони Аугсбург, Демировиќ одигра 66 натпревари. и постигна 23 гола.

Тој особено блесна минатата сезона со „дабл-дабл“ од 15 гола и 10 асистенции.

Пред Аугсбург, Демировиќ играше за Фрајбург, Сент Гален, Алмерија, Сошо и Алавес.

Демировиќ за репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра 26 натпревари има постигнато еден гол.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО