Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте го објави списокот на играчи на кои смета за натпреварите од Лигата на нации (ЛН) против Србија на 5 септември и против Швајцарија на 9 септември во Женева.
На списокот се поголемиот дел од играчите кои летово триумфираа на Европското првенство (ЕП) во Германија, а неколкумина се отсутни поради различни причини.
Алекс Баена и Фермин Лопез настапија на ЕП и на Олимписките игри (ОИ), па беа поштедени за оваа акција. Хесус Навас се повлече од репрезентацијата, отсутен е голманот Унаи Симон поради повреда, како и капитенот Алваро Мората, иако и тој објави дека се пензионира. Начо и Мерино исто така ги нема поради неодамнешните трансфери.
Шпанците и со овие отсуства навистина изгледаат како казнена експедиција. Кога ќе се има предвид дека српскиот тим речиси е десеткуван, поради „повреди и семејни проблеми“, а всушност станува звор за тивок бојкот против селекторот, Драган Стојковиќ Пикси, шансите против моќните Шпанци им се минимални.
Состав на Шпанија:
Голмани: Раџа, Ремиро, Роберт Санчез
Одбрана: Карвахал, Мингеза, Ле Норман, Вивијан, Лапорт, Пау Торес, Кукурелја, Грималдо
Среден ред: Родри, Субименди, Пепелу, Фабијан Руиз, Алеиш Гарсија, Дани Олмо, Педри
Напаѓачи: Ламин Јамал, Феран Торес, Нико Вилијамс, Хереми Пино, Микел Ојарзабал, Хоселу, Ајозе