Шпанските власти му одговорија на Винициус!

Многу врева се крена околу изјавата на ѕвездата на Реал Мадрид, Винициус на Шпанија да и се одземе домаќинство на СП 2030 поради расизам на фудбалските стадиони.

Ова Бразилецот јавно го побара, но исто така интересно е дека во Ла лига играат голем број црномурести фудбалери, посебно во Реал, па никој од нив не е цел на расни испади од страна на навивачите.

Јасно е дека ова треба во корен да се сузбие, но јасно е дека и Вини треба самиот да се праша зошто само нему тоа му се случува.

Инаку на барањето на Бразилецот околу СП, се јави и министерот за внатрешни работи на Шпанија, Фернандо Гранде – Марласка и му одговори на Винициус:

– Единствено што можам да кажам е дека нашата земја, во која почитувањето на различностите е дел од нашето ДНК, ефикасно се бори против секое дискриминаторско однесување, рече министерот на прес конференцијата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО