Шпанскиот ветеран си обезбеди место во историјата на ЕП

Хезус Навас (38), најстариот играч во шпанската репрезентација, стана рекордер со освојувањето на Европското првенство (ЕП) 2024.

Дефанзивецот на Севилја е 14-от играч во историјата кој освоил две ЕП, но тоа го направи со најдолгиот период меѓу двете титули. Навас првпат беше европски првак во 2012 година, и сега, по втор пат, 12 години подоцна.

Од останатите 13 играчи кои двапати беа европски шампиони, дури 12 се Шпанци, што е разбирливо ако се има предвид дека Шпанија е единствената репрезентација која двапати по ред го освоила ЕП (2008 и 2012 година).

Тие 12 Шпанци се: Чаби Алонсо, Икер Касилјас, Сеск Фабрегас, Андрес Иниеста, Серхио Рамос, Давид Силва, Фернандо Торес, Чави, Раул Албиол, Алваро Арбелоа, Санти Казорла и Пепе Реина. Единствениот „натрапник“ е Рајнер Бонхоф, кој беше шампион со Западна Германија во 1972 и 1980 година.

Навас пред 12 години, тогаш како крилен напашач постигна гол против Хрватска (1:0). На ЕП годинава одигра клучна улога во полуфиналето против Франција, но како десен бек, заменувајќи го суспендираниот, Дани Карвахал, и чувајќи го Килијан Мбапе!

Покрај двете ЕП, Навас го освои Светското првенство (СП) 2010 и Лигата на нации (ЛН) 2023 година со Шпанија. Тој и Серхио Бускетс се единствени со титулите во трите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО