Шпанија ја победи Србија – Олимписките шампиони се соочени со елиминација

Актуелниот шампион ватерполо репрезентација на Србија ќе има (не)возможна мисија да избори место во четвртфиналето на турнирот во Париз.

По тешката победа над Јапонија (16:15) и дебаклот што го дожовеаа во дуелот со Австралија (3:8), Србите во третото коло загубиа од Шпанија со 11:15.

За да се пласираат меѓу најдобрите осум, во последните три кола на Србија против Франција и Унгарија и требаат најмалку четири бода.

Шпанија го доби првиот дел со 4:3. Голот во самиот финиш на овој период го постигна Санауха. Во вториот дел Шпанците се одлепија на 6:3, но Србија преку Јакшиќ, Мандиќ и Ќук стигна до 6:6. Сепак, на крајот од вториот период Мунариз погоди за 7:6.

Во третиот дел Шпанија водеше со 9:6 и 10:7, но Србија преку Дедовиќ и Мандиќ стигна до 9:10. Србија имаше два напада за израмнување, Шпанците ја задржаа предноста од еден гол во пресрет на решавачкиот период.

Србија имаше напад со играч повеќе за израмнување, напад со играч повеќе на минус два, но ништо од тоа не искористи па кога Сануха и Гранадос на пет минути пред крајот и донесоа на Шпанија предност од 12:9 беше јасно дека „фуријата3 ќе ја однесе победата.

Шпанците со овој триумф обезбедија место во четвртфиналето..

Головите за Србија ги постигнаа: Душан Мандиќ четири, Никола Јакшиќ, Немања Убовиќ, Милош Ќук по два, Никола Дедовиќ еден. Алваро Гранадос и Фелипе Пероне постигнаа по три гола, Алберто Мунариз и Бернат Сануза постигнаа по два гола за селекцијата на Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО