Шок во 2.коло на САД опен: Елиминиран Карлос Алкараз!

Шпанецот Карлос Алкараз е елиминиран од последниот грен слем турнир сезонава во Њујорк, уште во второто коло!

За најголемото изненадувње на стартот од САД опен се погрижи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп, 74-ти на АТП листата. Тој го победи освојувачот на турнирот во 2022 година и еден од фаворитите за нова титула, во три сета со 6:1, 7:5 и 6:4 за 2,21 часа.

Алкараз вака рано не бил елиминиран од турнир во најсилната категорија уште од Вимблдон 2021 година, кога беше 75-ти светски тенисер. Во Њујорк, Алкараз, кој моментално е трет светски рекет, атакуваше на трета последователна грен слем титула, откако претходно триумфира на Вимблдон и на Ролан Гарос.

Ова беше прва победа на Ван де Зандшулп во третиот меч со Алкараз. Во 3. коло на турнирот тој ќе игра против 25-от носител, Џек Дрејпер.

– Немам зборови, беше неверојатно. Бев полн сум со самодоверба по победата против Денис Шаповалов и од првиот поен играв цврсто и добро. Верував во себе и гледате како заврши, изјави Ван де Зандшулп. кој прв пат победува толку високо рангиран играч.

Со победата против Алкараз, Ван де Зандшулп ја прекина долгата серија од 43 порази на холандските тенисери против играчи од „топ 10“ на грен слем турнирите. Ниту една земја во светот немала толку долга серија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО