Шок: Синер два пати позитивен на допинг тест!

Голема и неочекувана вест ни доаѓа од светот на тенисот, каде е објавено дека Јаник Синер оваа година два пати бил позитивен на допинг тест, за време на турнирот во Индијан Велс.

Но сепак, Италијанецот е ослободен од обвинувањата, но и покрај тоа, тој ќе претрпи одредени „пенали“.

Синер бил позитивен на клостербол за време на Индијан Велс, каде беше поразен во полуфиналето од Карлос Алкараз. Тогаш му била пронајдена мала доза клостеебола, која е забранета за тенисерите според прописите за недозволени супстанци.

Тој два пати бил позитивен, но и двата пати успеал да ја укине суспензијата по вложената жалба до арбитражниот суд.

Како што тврди Синер, супстанцата влегла во неговиот систем како резултат на контаминација, односно од спреј кој го нанесувал на својата кожа, спреј кој може да се купи без рецепт и кој е достапен во Италија, а спреј кој содржи клостебол.

Подоцна била покрената и истрага од ИТИА, од каде подоцна го прифатиле образложението на тенисерот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО