Шмајхел не може да се помири со елиминацијата: Очигледно не ги знам правилата

Каспер Шмајхер е разочаран од елиминацијата на Данска во осминафиналето од ЕП.

Данците во Дортмунд беа поразени од домаќинот Германија со 2:0, но искусниот голман никако не може да се помири со фактот дека заминуват дома.

Некогашниот голман на Манчестер Сити и Лестер, а сега на Андерлехт, имаше многу работи и беше најзаслужен што резултатот остана само 2:0 на семафорот.

– Чувствувам мешавина на разочараност, лутина и бес. Но тоа е денешниот фудбал. Играм фудбал професионално 23 години, но и понатаму очигледно не ги знам правилата. Офсајд е Офсајд. Може да биде преку линијата, но офсајд си е офсајд. Не знам колку технологијата ни помага во овој сегмент, но мора да и веруваме, порача Шмајхел.

Шмајхел очигледно алудира на одредени неправилности во играта, сметајки дека на моменти Германија како домаќин била фаворизирана од судиите.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО