Македонскиот прволигаш Шкупи се раздели со тренерот Ернест Ѓока по вчерашниот пораз од Гостивар во второто коло од Првата лига.
По лошиот старт на сезоната, Шкупи да се раздели со стратегот, а засега не е познато кој ќе го наследи на кормилото на тимот од Чаир.
– Управата на Шкупи реши да се раздели со тренерот Ѓока. Двете страни се договорија да ја прекинат соработката, соопшти клубот.