Норвешкиот тенисер Каспер Руд е елиминиран во второто коло на Австралија опен. Руд во четири сета загуби од Јакуб Меншик.
Чехот, кој се наоѓа на 48. место во светот, беше подобар од шестопласираниот на АТП листата со 6:2, 3:6, 6:1, 6:4.
Во третото коло Меншик ќе игра со победникот од дуелот меѓу Феликс Оже=Алијасим и Алехандро Давидович Фокина.
Руд, кој стигна до четвртото коло на Австралија опен во 2021 година, а во кариерата три пат играл Гренд слем финале (два пати на Ролан Гарос и еднаш на Ју-ес опен) во мечот влезе како умерен фаворит, но на теренот доминираше 19-годишниот Чех.
Меншик беше особено доминантен во првиот и третиот сет, кои ги доби со двоен брејк.
Руд даде знаци на живот само во вториот сет, додека Меншик клучниот брејк за победа го направи во седмиот гем.
Ова е дефинитивно најголемиот скалп на Меншик во кариерата, во која досега играше во едно АТП финале, она во Доха.