Шестиќ, легендата на Црвена ѕвезда, имаше трансплатација на срцето

На поранешниот фудбалер на Црвена ѕвезда, Милош Шестиќ му беше извршена трансплантација на срцето во Белград, по што тој се опоравува по операцијата.

Како што се наведува, закрепнувањето засега оди добро по зафатот направен во Заводот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“.

Шестиќ имаше проблеми со срцето уште во 2015 година, а потоа итно беше хоспитализиран за да добие адекватен третман. Претходно му беше вграден и бајпас, а беше пријавено и дека има проблеми со дишењето.

„Тој има проблеми со срцето, се чувствува доста лошо и има проблеми со дишењето, но животот не му е во опасност. Ги правиме сите потребни анализи и очекуваме наскоро да дознаеме точно во што е проблемот, изјави во тоа време тогашниот директор на Заводот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, Бошко Ѓукановиќ.

Милош Шестиќ е роден во Лакташи во 1956 година, а фудбалската кариера ја почна во јуниорските категории на Јединство од Стара Пазова. Беше член на првиот тим на Црвена ѕвезда од 1974 до 1984 година и со славната генерација играше во финалето на Купот на УЕФА во 1979 година.

Освои четири шампионски титули и еден Куп на Југославија, а потоа го носеше дресот на Олимпијакос, Војводина, Земун и на ОФК Београд. Со Војводина освои титули и во Втората и во Првата лига на Југославија, додека со Земун беше најдобар во Втората лига.

За сениорската репрезентација на Југославија одигра 21 натпревар и постигна два гола. Беше дел од репрезентацијата на Светското првенство (СП) 1982 година и на Европското првенство (ЕП) 1984 година. Ја претставуваше СФРЈ и на ЕП за млади (до 23 години) во 1978 година, на Медитеранските игри 1979 година и на Олимписките игри (ОИ) 1980 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО