Џердан Шаќири по 14 години реши да се повлече од швајцарската репрезентација Својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи, поточно преку својот Инстаграм профил.
-Седум турнири, многу голови, 14 години во швајцарската репрезентација и незаборавни моменти. Време е да се збогуваме. Остануваат одлични спомени и време е да се збогувам со сите. Благодарам, напиша Шаќири.
Шаќири за швајцарската репрезентација одигра 125 натпревари и постигна 32 гола.
Шаќири е првиот европски играч кој постигнал гол во шест последователни големи натпреварувања. Серијата ја започната на Светското првенство во 2014 година. Тогаш беше стрелец за Швајцарија против Хондурас, па погоди на ЕП две години подоцна, па на уште едно СП, па на ЕУРО 2020, а постигна гол и на Мундијалот во Катар.
На ЕУРО 2024, кое заврши вчера, во фазата по групи постигна гол против селекцијата на Шкотска.